Плакат и програма на настани во рамки на манифестацијата

Денови на европско културно наследство почнуваат во Музејот на РС Македонија

Во Музејот на РС Македонија на 23 септември, во 12 часот, ќе биде отворена манифестацијата Европски денови на културното наследство 2025. Темата на годинашното одбележување е со наслов „Архитектонско наследство: Прозорец кон минатото – врата кон иднината“.

На почетокот на манифестацијата ќе биде отворена изложбата „Допрете ги покуќнинските садови“ на авторот Сузана Марковска, едукатор – етнолог во музејот. Изложбата е тактилна и е посветена и наменета за слабовидни и слепи лица. Таа ќе биде проследена со едукативни работилници и во следните денови.

Манифестацијата ќе трае од 23 до 29 септември. На 24 септември ќе почне музејска игра со наслов „Мистериозен музеј“, што ќе трае до крајот на манифестацијата.

Во соработка со Кинотеката, на 25 и 26 септември ќе се одржи ревија на документарни филмови со остварувања на режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов, Ацо Петровски и Кочо Недков, а во фокус е македонската архитектура, фрески и икони.

На 27 септември, од пладне до полноќ, во музејот ќе се одржи музичкиот настан „Скопје винил конвенција“, а манифестацијата ќе биде затворена на 29 септември со изложбата „Скицирани таваници“. Влезот во музејот во текот на Денови на европско културно наследство е слободен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот