Концертот се одржа во Домот на хрватските бранители во Пула

Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј беше одбележан во Пула

Во пресрет на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, директорката на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, м-р Мими Ѓоргоска Илиевска присуствуваше на традиционалниот пролетен концерт под наслов „Заветна“ на мeшовитата пејачка група и музичкиопт ансамбл „Деспина“.

Пред почетокот на Концертот на многубројната публика во преполната сала во Домот на хрватските бранители во Пула се обратија претседателот на Македонскиот културен форум, Алдо Климан, началничката на одделот за национални малцинства при Истарската жупанија, Теа Бател и директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска.

Од своите почетоци до денес „Деспина“ има реализирано голем број успешни целовечерни концерти, што ги одржува традиционално спроти 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, со цел на широката културна јавност да и’ се претстават најрепрезентативните, антологиски остварувања на македонската традиционална музика и македонското културно наследство.

Концертот беше во организација на Македонскиот културен форум од Пула, а со поддршка на Истарската жупанија, Градот Пула и Советот за национални малцинства при Владата на Република Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот