
Дениз Ричардс се врати во куќата што ја делеше со својот поранешен сопруг: „Морав да влезам во тој валкан дом и да ги спасам моите 15 кучиња!“
Актерката Дениз Ричардс се врати во домот што го делеше со нејзиниот поранешен сопруг, Арон Фајперс, за да ги земе своите работи. Ричардс пристигна пред нивниот дом во Калабасас во саботата, заедно со неколку камиони за преселба.
Препорачано
Четворица мажи ѝ помогнале да го изнесе мебелот од куќата, а актерката ги зеде со себе и нејзините 15 кучиња, пренесува „Пејџ сикс“. Наводно, мажите што ѝ помогнале со работите, морале да носат маски поради прашината и силниот мирис во куќата.
Инаку, Ричардс неодамна му достави на судот фотографии што го прикажуваа нередот во вилата и тврдеше дека Фајперс и неговите родители ја уништиле куќата.
На актерката ѝ помогна и нејзиниот татко Ирв, кој ги ставаше милениците во кафези за да можат да ги преместат на друга локација.
На 8 септември, на сослушувањето, на актерката ѝ беше одобрено да ги земе своите работи од куќата без да го прекрши налогот за забрана за приближување што неодамна го поднесе против нејзиниот отуѓен сопруг. Имено, Фајперс во јули поднесе барање за развод, а кратко потоа Ричардс го обвини за насилство. Потоа ѝ беше одобрен налог за забрана за приближување против него.
Фајперс ги негираше обвинувањата за насилство и самиот изнесе тешки обвинувања против Ричардс. Тој тврдеше дека таа имала афера, дека е зависна од лекови против болки, а рече и дека таа е виновна за нередот во нивниот поранешен заеднички дом. Тврдеше дека глумицата трупала работи и дека го оставила домот во нечиста состојба. Тој на јавноста ѝ покажа и како изгледа внатрешноста на домот со валкани теписи, молци на облеката и слично.
Ричардс, пак, претходно тврдеше дека се иселила од нивниот дом пред две години и дека Арон и неговите родители ја уништиле куќата.
Да потсетиме, двојката се венчаа во 2018 година. Во судските документи, тој наведе дека заедно немаат малолетни деца, а познато е дека претходно бил во процес на посвојување на ќерката на глумицата, Елоиз Џони. Освен Елоиз, Ричардс има уште две ќерки – Сами и Лола, со поранешниот сопруг Чарли Шин.