Денеска во Вашингтон средба Мицотакис – Ердоган

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вечерва ќе се сретнат на маргините на НАТО- Самитот во Вашингтон.

Според грчките медиуми, средбата е закажана за 16 часот по локално време.

За време на дискусијата со поранешниот амбасадор на САД во Грција, Даниел Спекхард, во организација на американската тинк-танк „Council on Foreign Relations“, говорејќи за грчко-турските односи, Мицотакис рече дека во последната една и пол година, односите значително се подобрени.

Сепак, додаде дека одредени фундаментални турски позиции во однос на Источниот Медитеран не се променети, но и дека е факт, како што рече, што има 16 месеци мир во грчкиот воздушен простор, дека постои соработка во прашањата поврзани со миграцијата, но и дека е постигнат договор со Турција што им овозможува на турските граѓани да патуваат на островите во Егејското Море и лесно да добиваат визи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот