Денеска се празнува Светиот маченик Исидор

Светиот маченик Исидор

Во времето на царот Декиј, Исидор беше насила земен во војска од островот Хиос. Од малечок се држеше за Христовата вера и животот го минуваше во пост, во молитва и во добри дела. Во војската штом се прокажа како христијанин, војводата му побара отчет и го советуваше да се одрече од Христа и да им принесе жртва на идолите. Светителот одговори: „И телото да ми го убиеш, над мојата душа немаш власт. Јас Го имам вистинскиот и жив Бог Исус Христос, Којшто и сега живее во мене и по мојата смрт ќе биде со мене и јас сум во Него и ќе останам во Него и нема да престанам да го исповедам Неговото Свето име дури е духот во моето тело“. Војводата нареди и најпрво го биеја Исидор со воловски жили, а потоа му го отсекоа јазикот. Меѓутоа, и без јазик Исидор со Духот Божји говореше и го исповедаше Христовото име. Војводата пак, го постигна Божја казна и одеднаш онеме. Нем најпосле даде знак да го убијат Исидор со меч. А Исидор ѝ се зарадува на пресудата и фалејќи Го Бога најпосле излезе на губилиштето, каде што му ја отсекоа главата, во 251 година. Неговиот другар Амониј го погреба неговото тело, а за таа своја постапка и самиот пострада и прими венец на мачеништво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот