Фото:ТВ24

Денес децата вредносно не личат на нивните родители, вели професорката Бачовска Недиќ

„Штета е што вакви драматични трагедии не свестуваат и не враќаат на вистинскиот пат. Ова длабоко не истрауматизира иако ние академски ги следевме појавите. Но, хуманистичките науки се запоставени, а луѓето мигрираат кон информатика, роботика. Јас почнувам да се плашам дека човековите права ќе се претворат во нешто спротивно“, вели професорката по социологија Јасна Бачовска Недиќ.

Таа вели дека ние медиумите ги гледаме како политичка алатка и дека сосема е заборавена другата функција на медиумите. Бачовска вели дека и Вибер е медиум, па оттука залудно е да се забрани Тик-Ток како што се залагаат некои. Но, од друга страна социјалните мрежи беа единствениот медиум во ситуации кога немаше слобода на говор, а сега гледаме некои обиди за нивна мека регулација.

– Медиумите се пререгулирани. А ние треба да ги контролираме децата. Па вие видете колку несреќни случаи има од правење селфи. Треба да им дадеме простор на учените луѓе да бидат креатори на политики, а не на политичари кои носат закони од политички и бизнис интереси, вели Бачовска.

Таа вели дека средствата за комуникација треба да се насочат во едукативни цели, а не да се укинуваат, но за тоа е потребен концепт и стратегија оти медиумите се корисни.

– Од друга страна, треба да се преиспита степенот на зрелост кај младите и кога постигнуваат зрелост. Дигиталните медиуми ги обучуваат младите и тие се позрели порано. Медиумите сега се примарен фактор за воспитание, денес децата не личат на своите родители во смисла на однесување, начин на говор, облекување, вредности итн., вели Бачовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот