Демант од „Беса Транс“ од Тетово: Ние не сме поврзани со несреќата

„Беса транс“ Тетово
Фото: Фејсбук „Беса транс“ Тетово

Сопственикот на „Беса транс“, со седиште во Тетово, испрати демант поради тоа што неколку портали ја пренесоа информацијата дека нивниот автобус и компанија се дел од несреќата и страшната трагедија којашто утрово се случи во Бугарија.

Како што вели сопственикот на компанијата, Аздрен Зибери, тој е сопственик на „Беса транс“ од Тетово, компанија која држи автобуска линија од Тетово за Копенхаген. Автобусот кој доживеал сообраќајна несреќа е во сопственост на „Беса транс – Скопје“ и станува збор за друга компанија.

Ова е нивното соопштение во целост:

Сакав да ве информирам за дезинформациите дадени преку портали за трагедијата што се случи синоќа на 23.11.2021 година во 2.00 часот во Бугарија. Станува збор за автобусот на компанијата „Беса транс – Скопје“ кој ја држи линијата за Истанбул, Турција.

„Беса транс“ од Тетово и јас Аздрен Зибери ја демантираме веста која беше објавена на неколку портали на социјалните мрежи дека ние сме учествуале во несреќата во која животот го загубија 46 граѓани во Бугарија.

Фирмата во сопственост на автобус кој имаше несреќа нема никаква врска со нас туку е сосема друга фирма со седиште во Скопје.

Нашата компанија „Беса транс Дооел“ Тетово веќе 30 години држи редовна линија Тетово – Копенхаген (Данска) секоја среда и сабота.

Нашата компанија изразува сочувство до семејствата кои ги загубија своите роднини.

Со почит Беса Транс Дооел – Тетово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот