Свадба / Фото: Архива на Слободен печат

Демант и извинување до хотел Тино Охрид

Во текстот со наслов ,,Над 100 души присуствувале на свадбата во Охрид, изолација нема за ниеден!”, денеска е направена ненамерна грешка.

Јас, Мирослава Бурнс, авторка на текстот, му се извинувам на хотел Тино Охрид затоа што во мојот текст беше објавено дека свадбата се одвивала во овој хотел, што не е случај. Причината за ненамерната грешка е тоа што се повикав на изјава од официјално лице, односно главната сестра во ковид одделението во охридската болница, Мира Спасова. Во изјава за Слободен печат, таа рече дека свадбата на која присуствувале над 100 гости се одвивала во овој хотел, што се покажа дека не било така. Поради реакција на хотелот се извинувам за ненамерната грешка која настана поради пренесена изјава.

Исправка е направена и во онлајн изданието на порталот каде што информацијата беше пласирана како изјава на гореспоменатото лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот