фото: ФФМ

Делумно прифатена тужбата на Ердем Алпарслан против ФК Шкупи

Комората на ФИФА за статус на играчи донесе одлука со која тужбата на турскиот тренер Ердем Алпарслан против фудбалскиот клуб Шкупи 1927 АД е делумно прифатена.

Со оваа одлука, клубот од Чаир е задолжен да му исплати на играчот:

10.136,49 евра како заостаната плата, заедно со камата од 5% годишно, пресметана за секој поединечен износ и период на доцнење:

– 1.136,49 евра од 16 април 2025 година,

– 3.000 евра од 16 мај 2025 година,

– 3.000 евра од 16 јуни 2025 година,

– 3.000 евра од 6 јули 2025 година, сè до денот на целосна исплата.

Дополнително, клубот е должен да исплати 33.000 евра како обесштетување за раскин на договорот, заедно со законска камата од 5% годишно, почнувајќи од 6 (месецот ќе се наведе во целосната одлука) 2025 година, до денот на целосна исплата.

Согласно член 8 од Анекс 2 од Правилникот за статус и трансфер на играчи, доколку целосната уплата (вклучително и сите законски камати) не биде извршена во рок од 45 дена од приемот на оваа одлука, ќе се применат следните последици:

Тужениот ќе биде суспендиран од регистрација на нови играчи, било на национално, било на меѓународно ниво, сè додека долгот не биде целосно подмирен. Максималното времетраење на забраната е три цели последователни регистрациски периоди.

Доколку и по истекот на трите цели последователни регистрациски периоди не биде извршена целосната уплата (вклучително и сите законски камати), предметот, по барање, ќе биде доставен до Дисциплинската комисија на ФИФА.

Последиците ќе се применат само на барање на тужителот, во согласност со член 8, став 7 и 8 од Анекс 2 и член 25 од Правилникот за статус и трансфер на играчи.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот