Делови од Кисела Вода и Илинден утре без струја, дел од Центар без вода

Дел од корисниците од улицата „Саса“ во населбата Пинтија во општина Кисела Вода утре од 8:30 до 12:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 15:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Христо Татарчев“, подулица број „13“ во истата општина, а од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улицата „500“ на потегот од број 24 до број 45 во село Марино, општина Илинден.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани зафати во електродистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Дел од корисниците улицата „Киро Крстевски Платник“ во општина Центар утре од 9:00 часот ќе останат без водоснабдување поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од 80 милиметри на улицата „Киро Крстевски Платник“ број 6.

Поради дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од 80 милиметри на улицата „36“ бр. 12 во село Трубарево утре од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од селото Трубарево, општина Гази Баба.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, корисниците ќе бидат без водоснабдување се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не завршат со интервенциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот