фото: facebook/Македонски тенис Makedonski tennis

Дејвис куп: Македонија во негатива по првиот меч против Малта

Македонската Дејвис Куп тениска репрезентација го загуби првиот меч во дуелот со Малта од 1 коло од Третата Европска зона од Дејвис купот. Обрад Марковски во мечот на второторангираните тенисери од репрезентациите загуби со 2-1 во сетови 4:6, 6:2, 7:6 (3) од Алекс Дегабриеле за 2 часа и 46 минути игра.

Во првиот сет двајцата играчи до резултатот 3:3 во гемови го освојуваа гемот на свој сервис. Потоа, Марковски направи брејк и поведе со 4:3, но противникот направи „ри-брејк“ за 4:4. Следуваше уште еден одземен гем на сервис на ривалот и Марковски поведе со 5:4, а потоа го реализираше и својот сервис за 6:4 и водство од 1:0 во сетови.

Во вториот сет Дегабриеле почна одлично и поведе со 5:0 со два брејка, а Марковски само еднаш потоа направи брејк за да намали на 5:2, но потоа и во осмиот гем го загуби својот севрвис и Малта изедначи на 1:1 во сетови.

Решавачкиот сет почна со брејк на македонскиот тенисер, но противникот врати веднаш во следниот гем и Марковски ја испушти предноста и до 4:3 немаше ниту еден брејк. Во осмиот гем Марковски направи три двојни сервис грешки и противникот поведе со 5:3. Но, нашиот тенисер го врати брејкот во следниот гем, а потоа изедначи на 5:5. Драмата во сетот продолжи и мечот беше решен во тај брекот кој го доби Дегабриеле со 7:3 откако на крајот имаше серија од четири поени.

Во вториот сингл меч за Македонија ќе настапи Калин Ивановски против Лиам Деликата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!