Фото: Инстаграм

„Дејли Мирор“ со контроверзно тврдење: Бијонсе и Соланж се мајка и ќерка, не се сестри!

Бијонсе и Соланж не се сестри, туку мајка и ќерка. Пејачката нема 37 години, туку седум повеќе.

Овие шпекулации ги покренал некогашниот соработник на Бијонсе кој наводно тврди дека поп дивата ја родила Соланж кога била многу млада. Таа наводно се породила уште како тинејџерка, а нејзините родители ги одгледале како сестри.

Фото: Инстаграм

– Нејзина роднина ми рече дека Бијонсе и е мајка на Соланж. Тоа ми го кажа во доверба, кога зборувавме за тинејџерски бремености. Се сомневам дека измисли нешто олку скандалозно – рекол изворот за британаксиот „Дејли Мирор“.

Тој додал и дека Бијонсе не е родена во 1981 година како што се претставува, туку во 1974.

– И ја видов возачката дозвола, во неа пишуваше 4 септември 1974 година – уште рекол изворот. А тоа го поткрепил со податокот дека актерката Габриел Јунион, која има 46 години, во една прилика рекла дека со Бијонсе се знае уште од детството. Пејачката е брак со Џеј Зи и имаат три деца, 7-годишната Блу Ајви и двегодишните близнаци, ќерка и син.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!