Диди со семејството / Фото: Instagram / quincy

Децата на Диди oдржaа говори во судницата пред да се донесе пресудата: „Нашиот татко е наш суперхерој“

Рочиштето за изрекување на пресудата за музичкиот могул Шон Диди Комбс е во тек, а неговите шест деца се обратија пред судот. Како што пренесуваат странските медиуми, децата на основачот на „Бед Бој рекордс“ одржаа „кратки емотивни говори“. Во нив, тие нагласија како го гледаат својот татко како променет човек и нагласија колку им е потребен дома.

Говорот на ќерката Д’Лила Комбс беше особено емотивен. „Не можеме да ја гледаме нашата мала сестра како расте без татко на ист начин како што ние растевме без мајка“, рече таа на рочиштето.

Џастин Комбс рече дека неговиот татко е неговиот „суперхерој“ кој го научил да верува во Бог. Тој го замоли судијата да му даде втора шанса на Диди. Се обрати и Кристијан Комбс кој рече дека Диди го советувал да се однесува кон жените како кон кралици.

Неговата адвокатка, Никол Вестморленд, исто така се обрати пред судот, тврдејќи дека Диди „може да допре до многу повеќе луѓе однадвор отколку што може одвнатре“. Според неа, држењето на Диди во затвор „не би имало корист од никого“.

Овој став на одбраната е во согласност со неодамнешното писмо на Диди до судијата Арун Субраманијан, во кое тој исто така побара полесна казна.

„Буквално се изгубив од разумот. Сосема погрешив што кренав рака врз жената што ја сакав“, напиша Диди, осврнувајќи се на пејачката Кеси, која сведочеше на судењето. „Жал ми е за тоа и секогаш ќе бидам. Моето семејно насилство секогаш ќе биде тежок товар што ќе морам да го носам засекогаш.“

Да потсетиме во јули, Диди беше ослободен од обвинението за трговија со луѓе за сексуална експлоатација и рекетирање со поделена пресуда, но беше осуден по две точки за поттикнување проституција. Интересно е што непосредно пред почетокот на денешното рочиште, неговиот адвокатски тим објави 11-минутно видео со семејни снимки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот