Фото: Dundee United F.C.

Повик за Трапановски во македонската репрезентација за стартот од Лигата на нации

Maкедонскиот фудбалер, Кристијан Трапановски со добрите настапи во тимот на Данди доби повик од селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски за репрезентативниот циклус во септември.

Трапановски веднаш по трансферот во шкотскиот тим одлично се вклопи и прикажа навистина одлични настапи.

За него ова е деби повик во националниот дрес и тој би требало да е единствен новитет. Покрај Трапановски, Данди потврди дека повик добил и Давид Бабунски.

Македонија натпреварите во Лигата на нации ги стартува против Фарски Острови на 7-ми септември, додека три дена подоцна ќе ига на домашен терен против Ерменија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот