Фото: Општина Центар

Дебар Маало украсено со мурал посветен на „Бушавата азбука“

Во срцето на Дебар Маало, центарци добија нов уметнички мурал посветен на легендарната детска емисија „Бушава азбука“. Муралот е дело на  уметниците Драган Китановски Драш и Мирослав Грчев Микс.

Една од нашите континуирани заложби е да го разубавуваме јавниот простор преку уметност, како што тоа го прават многу светски метрополи. Овој мурал нѐ потсетува на детството, на знаењето, на љубопитноста, вели градоначалникот Горан Герасимовски.

Свечената промоција на муралот ќе се одржи на 31 август, кога симболично започнува и одбележувањето на четири децении „Бушава азбука“, проект кој остави трајна вредност во македонската култура.

Фото: Општина Центар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот