Дебакл на Работнички и во Скопје: Шелбурн им даде 12 гола на младите „романтичари“

Младинскиот тим на Работнички го заврши својот настап во младинската Лига на шампиони со уште еден тежок пораз од ирски Шелбурн. Во четвртфиналниот реванш, скопјани загубија со убедливи 1-7, со што Ирците со вкупни 12-1 ги елиминираа младите „романтичари“.

Ирците ја наметнаа својата доминација уште од самиот старт. Тајрик Семи двапати стрелаше во првото полувреме, пред Јован Бошнаков во самиот финиш на првите 45 минути да намали на 1-2 и накратко да разбуди надеж кај македонскиот тим.

Сепак, второто полувреме беше целосно во знакот на Шелбурн, Ирците постигнаа дури пет погодоци, од кои два беа дело на Бејли, а по еден запишаа Вуна, Мекарти, како и Семи, кој го комплетираше својот хет-трик.

Работнички доживеа пораз и во првиот натпревар на гостински терен со 0-5, а двомечот покажа јасна разлика во квалитет и подготвеност помеѓу двете екипи.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот