фото: mtftennis.mk

Деари и Стоилковска поразени во првото коло на турнирите во Нови Сад и Вејле

Македонскиот тенисер Шендрит Деари фјучрс доживеа пораз во првото коло на турнирот во Нови Сад, Србија, откако денеска во мечот од првото коло загуби од домашниот натпреварувач Виктор Јовиќ со 2:0 во сетови 6:1 и 6:4.

Деари, кој пред десетина дена беше финалист на Државното првенство со трите победи во квалификациите се избори за учество на главниот турнир, но загуби веќе на стартот.

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска по успешно минатите квалификации доживеа елиминација во мечот од првото коло на фјучрс турнирот во данскиот град Вејле.

Поуспешна од Стоилковска беше домашната тенисерка Сарафина Оливија Хансен која победи со 2:0 (7:5, 6:4)

Од 22 одиграни гема, на дури 12 имаше брејкови, а поуспешна беше Хансен која реализираше осум брејка, за разлика од Стоилковска која запиша шест.

Стоилковска следната недела ќе настапува на фјучрс турнирот во Савитаипале, Финска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!