Давор Панчевски
Рецепт на Давор Панчевски / Фото: Приватна архива

Давор Панчевски ја открива тајната за совршен домашен сладолед

Вистинско уживање е кога млад човек сака да покаже што умее, што може и што сè знае да создаде. Но, уште поголемо уживање е кога несебично сака да ги сподели своите вештини. Таква е приказната на младиот готвач Давор Панчевски кој реши повторно да сподели со нас некоја вкусна тајна од неговата кујна.

Давор Панчевски ни подготви вкусни, егзотични, а здрави крекери: Готови за помалку од половина час

Давор денес споделува рецепт за освежителен домашен сладолед.

„Може да го подготвите со било кое овошје, а јас се одлучив за комбинација од шумско овошје и ванила“, вели тој.

Потребни состојки:

За сладоледот
– 500 мл млеко
– 2 жолчки
– 1 пакетче ванила пудинг
– 50 г шеќер
– 2 пакетчиња за шлаг пена

За преливот:
– 70 г боровница
-150 г шумско овошје
– 1 пакетче ванилин шеќер
– 50 г шеќер

Давор Панчевски
Рецепт на Давор Панчевски / Фото: Приватна архива

Подготовка:

Во тенџере на оган загрејте го млекото со пудингот, шеќерот и жолчките. Мешајте со жица за матење постојано додека не добиете густ пудинг. Префрлете го сварениот пудинг во стаклен сад и покријте со хартија за свежа храна. Оставете во ладилник да се излади најмалку 6-8 часа. Во меѓувреме во замрзнувач ставете го садот од апаратот за сладолед да се замрзне најмалку 12 часа пред да го подготвите сладоледот. За да го подговите сладоледот изматете ги кесичките за шлаг заедно со изладениот пудинг и префрлете ја смесата во замрзнатиот апарат за сладолед. Додајте ја боровницата и вклучете го апаратот да работи околу 25-30 минути, додека не добиете кремав замрзнат сладолед. Доколку немате апарат за сладолед подгответе ја смесата за сладолед со изматените кесички шлаг и префрлете во пластичен сад. Замрзнете ја смесата 4 часа, така што на секои 30 минути ќе го промешувате сладоледод за рамномерно да се замрзне. За да го подготвите преливот од шумско овошје, во тенџере на оган зовријте го шумското овошје, шеќерот и ванилата заедно околу 10 минути. Сервирајте врз сладоледот и уживајте.

Добар апетит и забавно готвење!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот