Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Данте Егзум од Партизан се враќа во НБА, ќе биде соиграч со Дончиќ

Досегашниот член на Партизан, Данте Егзум следната сезона ќе биде дел од НБА лигата и тоа во тимот на Далас Маверикс каде што ќе биде соиграч со Лука Дончиќ.

Далас зад себе има катастрофална сезона во која не успеа да се избори за плеј-оф, па сезонава создава тим кој пред почетокот важи за еден од првите фаворити на Западната конференција.

Успеаа „телињата“ да се договорат со Кајри Ирвинг кој потпиша нов договор, а сега го договорија и Данте Егзум за кого ова е враќање во НБА по кратката епизода во Европа.

Во Европа, Партизан помина две сезони во дресот на Партизан и Барселона, претходно во САД го носеше дресот на Јута и Кливленд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!