меркел
Ангела Меркел/ Фото: EPA-EFE/Andreas Gora / POOL

Данското разузнавање помогнало во американското шпионирање на Меркел

Данскиот јавен радиодифузер „Данско радио“ (ДР) соопшти дека американската Национална агенција за безбедност (НСА) прислушкувала дански набљудувачки интернет кабли за да шпионира политичари и високо позицонирани функционери во Германија, Шведска, Норвешка и Франција.

Информацијата е дека НСА ова го направила преку искористување на надзорната соработка со данската воена разузнавачка служба – ФЕ.

Данското Министерство за одбрана засега не одговори на барањата на медиумите за коментар за овој шпионски скандал што пред неколку години сериозно ги разниша односите меѓу САД и Германија.

Данската министерка за одбрана, Трине Брамсен, која на функцијата е од јуни 2019 година, за шпионираењето била информирана во август 2020 година, наведува Данското традио. Таа за ДР изјави дека „систематското прислушување на блиските сојузници е неприфатливо”.

Нејасно е дали Данска ги овластила САД да го користат својот систем за набљудување за да ги шпионираат своите соседи.

ДР ги обелодени информациите по истрагата спроведена заедно со шведската телевизија СВТ, норвешкиот НРК, германскиот НДР, „ВДР Зидојче Цајтунг“ и францускиот весник „Ле Монд“.

Германската канцеларка Ангела Меркел, тогашниот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер и тогашниот опозициски лидер Пјер Штајнбрук се меѓу политичарите кои биле шпионирани од САД.

Шпионажата била детално опишана во таен внатрешен извештај на работната група на ФЕ со кодно име „Операција Данхамер” и бил презентиран пред високиот менаџмент на ФЕ во мај 2015 година, тврди Данското радио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот