СП, Колаж, Трамп - Гренладн, Панама, Канада

Данска и САД соработуваат воено во Гренланд, како и претходно

Шефот на данската арктичка команда, Сорен Андерсен, денес изјави дека можноста за американско преземање на Гренланд не го загрижува премногу и дека Данска и Соединетите Американски Држави соработуваат воено како и досега, но дека мора да се направи повеќе за да се одврати каков било руски напад врз арктичкиот остров.

Во врска со фактот дека американскиот претседател Доналд Трамп претходно неколку пати наговести дека Соединетите Американски Држави би можеле да го преземат Гренланд и дека преземањето со сила не е исклучено, Андерсен во интервју за Ројтерс рече дека такво сценарио „апсолутно не му паѓа на памет“.

Андерсен, неколку дена по неговата прва средба со генералот што ја надгледува американската одбрана во областа, Грегори Гијом, рече дека двете земји, што се однесува до воената соработка, „работат заедно“ како и секогаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот