Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Даниела Алексовска поразена на полупрофесионалното деби во Србија
Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска ја имаше својата прва полупрофесионална борба на боречкиот настан „Армада 13“ каде што беше поразена од Ејба Круз од Република Ирска.
Препорачано
Алексовска добро го започна мечот, особено во првата рунда, кога успеа да ја префрли борбата на земја, терен што повеќе ѝ одговара. Се обиде да направи зафат, но не успеа целосно да го реализира. Круз, во финишот на рундата, возврати со неколку прецизни удари со кои ја презеде иницијативата.
Слично сценарио се повтори и во втората рунда. Алексовска повторно влезе енергично, погоди неколку удари и повторно ја однесе борбата на земја, но Ирката повторно доминираше во завршницата и си обезбеди поенска предност.
Третата рунда беше клучна. Круз агресивно влезе во размена, доби подобра позиција и по неколку прецизни удари, судијата реши да ја прекине борбата, прогласувајќи технички нокаут.
Иако резултатот не беше во нејзина корист, ова беше значаен чекор напред за Алексовска, која досега настапуваше исклучиво на аматерско ниво, каде што се закити со титулата европска шампионка.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
28мин
-
52мин
-
1час
-
10час
-
11час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5