
Даниела Алексовска ќе ја претставува Македонија на Светското ММА Првенство во Грузија
Само две недели по спектакуларната победа со армбар во првата рунда на “ARMMADA” 14 во Скопје, Даниела Алексовска повторно влегува во кафезот – овој пат на највисокото светско ниво: Светското ММА Првенство во Тбилиси, Грузија, од 27 септември до 2 октомври.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Алексовска ќе се натпреварува во категоријата до 52.2 кг, каде моментално е рангирана трета во светот, благодарение на златниот медал кој го освои на Европското првенство годинава.
Ова ќе биде нејзино второ учество на Светско првенство – минатата година во Узбекистан, каде успеа да се избори до бронзен медал.
Во својата група, Алексовска ќе се соочи со ривали од Украина, Казахстан, Мексико и Азербејџан.
Заедно со својот тим „The Strongest Скопје“, како и Ивица Алексовски, претседател на Македонската ММА Федерација, и Стефан Пецевски, главен тренер, кои ќе бидат заедно со неа во Грузија, Даниела е решена да го донесе златниот медал во Македонија.

Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
3час
-
3час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5