Фото: Boluspor

Даниел Аврамовски се врати во Турција, потпиша за Болуспор

Повремениот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски по скоро две години неодамна го напушти Сараево, а денес беше промовиран како нов фудбалер на турски Бoлуспор.

Болуспор е клуб кој се натпреварува во турската Втора лига, додека за Аврамовски ова е враќање во турскиот фудбал кадеш то претходно го носеше дресот на Кајсериспор од каде што се пресели во Сараево.

Сараево Аврамовски го напушти по 45 одиграни натпревари и четири постигнати гола. Аврамовски покрај споменатите два клуба играше уште за Работнички, Македонија Ѓорче Петров, Црвена Звезда, ОФК Београд, Војводина, Олимпија и Вардар.

За репрезентацијата на Македонија собра осум настапи, а беше дел од селекцијата која настапи на Европското првенство во Букурешт и Амстердам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот