Фото: Igdir FC

Даниел Аврамовски кариерата ја продолжи во Игдир

Македонскиот фудбалер Даниел Аврамовски кариерата ја продолжува во Игдир, потврди турскиот клуб преку своите официјални канали.

Во редовите на Игдир Аврамовски пристигнува од Болуспор каде што за една година во 37 натпревари постигна 17 гола и подели осум асистенции.

Аврамовски во кариерата има настапи и за македонската репрезентација, а настапуваше уште во: Сараево, Кајсерспор, Вардар, Олимпија, Војводина, Црвена Звезда, ОФК Белград, Работнички и Македонија Ѓорче Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот