Дани Алвеш го загуби статусот легенда во Барселона

фото: EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш го загуби статусот на легенда на Барселона, откако беше осуден за силување.

За делото Алвеш беше осуден на четири и пол години затвор, а сега го загуби статусот во својот поранешен клуб.

Поранешниот дефанзивец на Каталонците е најтрофејниот играч со 43 титули. За шпанскиот тим одигра 431 натпревар и постигна 15 голови.

Два пати го носеше дресот на Барса, од 2008 до 2016 година, како и во сезоната од 2021 до 2022 година.

Ова му даде статус на клупска легенда, поради големиот придонес што го даде. Сепак, Барселона по целиот скандал го избриша неговото име од листата.

Алвеш делото го изврши на 30 декември, а пред неколку дена конечно му беше изречена казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот