Фото: pexels-wildlittlethingsphoto

Дали знаете колку зборови може да запомни вашето куче? Ќе се изненадите!

Дали знаевте дека просечно куче може да запомни околу 160 зборови, малку помотивираното куче може да запомни 250 зборови, а апсолутните рекордери можат да запомнат дури 1000 зборови?

Имено, мозокот на кучето е способен за големи нешта ако му дадеме само малку охрабрување, па затоа секое куче е способно да разбере многу повеќе од наредбата „Седи!“.

Дали некогаш сте изброиле колку зборови знае вашето куче?

Најпознатиот пример за извонредно разбирање на зборовите е кучето по име Чејзер, кој можел да препознае дури 1.022 различни зборови, вклучувајќи имиња на предмети, наредби, па дури и разлика помеѓу глаголите и именките.

Меѓутоа, колку зборови навистина ќе научи едно поединечно куче зависи во голема мера од неговиот карактер (волја), расата, но најголемо влијание на тоа е тренирањето – особено повторувањето, повторувањето и повторувањето!

Докажано е дека кучињата учат зборови (и сѐ останато) најбрзо и најефективно со помош на позитивна мотивација (додека викањето има сосема спротивен ефект и многу тажни долгорочни последици). Методот на позитивна мотивација се заснова на наградување за посакуваното однесување. Ова го поттикнува кучето да го повтори однесувањето.

Методот на позитивна мотивација вклучува употреба на награди (хранна, играчки…); пофалба (возбуден глас кој јасно му дава до знаење на кучето дека направил нешто добро) и игра (поттикнување на однесување преку забавни и интерактивни активности).

Овој тип на обука ја зајакнува довербата на кучето во сопственикот, ја зголемува желбата за учење, а во исто време не е стресно за кучето (затоа учењето е толку успешно), пишува „Метрполитен.си“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот