
Дали руски систем за електронско попречување го собори дронот во Рашка?
Српската армија вчера по наредба на претседателот Александар Вучиќ дејстуваше и собори беспилотен објект кој се движел од правец на Јариње, Косово кон општина Рашка во Србија. Како што пренесоа српските медиуми станува збор за комерцијално летало-дрон кој засега не се знае чива била сопственоста на објектот и уште помалку која била намерата за прелетот врз српската воена база на југот од Србија.
Препорачано
Од она што министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ го соопшти на прес-конференција се знае дека леталото било соборено со направа за електронско попречување на беспилотни летала при тоа тој не истакна детали за каква технологија станува збор.
Во меѓувреме денеска реномираниот српски портал кој се бави со авијатика „Танго шест“, објави детали околу вчерашниот случај. Порталот во свој текст пишува за тоа кое би можело да биде беспилотното летало но и кој би можел да биде уредот со кој српската армија го собори дронот.
Американски дрон вршел снимање на српска база?
„Танго шест“ наведува дека иако Министерството за одбрана и вооружените сили на Србија не ги покажаа остатоците од леталото, а некои медиуми во земјата јавуваат дека потрагата по него се уште трае, од она што може да се претпостави е дека станува збор за дрон на косовските сили. Според порталот дронот најверојатно е од американско потекло, тип RQ-20 Puma или верзијата Puma LE (Long Endurance) произведена од компанијата AeroVironment Puma во САД. Вакви летала според порталот требало уште во јануари да се набават за потрбите на косовските сили за извидување во тешко достапните терени, но се уште како што наведува медиумот не се знае точно дали набавката била спроведена.
Руски систем за електронско поречување „Репелент“ виновен за соборувањето на дронот?
Во исто време порталот пишува дека српската армија пред почетокот на воените дејствија на Русија во Украина требала да набави неколку системи од руско производство за електронско попречување на беспилотни летала. Токму во тој контекст претседателот на државата Вучиќ уште во декември 2021 година објави дека Србија е заинтересирана и за „Репелент“ системот, кој многуверојатно поради случувањата не е испорачан на српската армија.
Сепак во недостаток на јавни информации за каков систем станува збор, српските медиуми пишуваат дека армијата веќе поседува неколку вакви напредни анти-дрон системи и тие се во оперативна употреба. Покрај рачните анти-дрон системи кои на неколку пати биле забележувани како дел од протоколот за заштита на претседателот Вучиќ при неговите јавни настапи, Министерството за одбрана на Србија неодамна соопшти дека е во фаза на развој на два вакви софестицирани системи за електронско попречување на беспилотни летала. Едното се прави во соработка со компанијата „Конелек“ а другото се именувано како АДРО и истото било преставено како проект на компанијата ИРИТЕЛ.
