Фото: Принтскрин / Јутјуб

Пејачка создадена со вештачка интелигенција се искачи на топ-листата на „Билборд“ и потпиша договор од 3 милиони долари

Виртуелната пејачка Ксанија Моне, која е генерирана од вештачка интелигенција, а зад чие создавање стои Телиша Џонс, 31-годишна Американка, потпиша договор вреден 3 милиони долари, пишуваат странските медиуми.

Ксанија Моне дебитира на американските топ листи со глас кој потсетува и на Бијонсе и на Алиша Кис. Во последните месеци, нејзината песна „How Was I Supposed To Know?“, од албумот Unfolded, објавен во август, има речиси два милиони преслушувања на Spotify. Исто така, песната се искачи во топ 10 на Билборд за продажба на Ар-ен-би дигитални песни и достигна 22-ро место на вкупната листа за продажба на дигитални песни. А нејзиниот каталог од пет песни досега генерираше приход од околу 52.000 долари.

Телиша Џонс пишува оригинални текстови и ја користи платформата Суно за да ги генерира песните на Ксанија Мона според нејзините упатства. Платформата Суно, која користи генеративна вештачка интелигенција за создавање музика со одредување на стилот, структурата и расположението, самата се најде на удар.

Големите издавачки куќи „Јуниверзал“, „Ворнер“ и „Сони“ ја обвинија за нелегално користење на нивните каталози за обука на нивните алгоритми, што покренува голем број прашања за легалноста и етиката на овој вид креативност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот