Фото: Flickr/Walt Disney Television

Дали Оскарите ќе бидат откажани за првпат во историјата?

Овогодишните Оскари би можеле да бидат сериозно загрозени, пишува „Мирор“. Имено, поради пожарите во Лос Анџелес, првпат по 96 години се размислува за откажување на наградата.

Официјалниот комитет на Оскарите секојдневно го следи развојот на ситуацијата во Лос Анџелес. Според извештаите, церемонијата би можела да остави лош впечаток доколку се одржи среде разорни пожари.

„Главната грижа на одборот во моментов е да не изгледа како да слави додека многу граѓани на Лос Анџелес се справуваат со загубата. Дури и ако пожарите се изгаснат следната недела, реалноста е дека градот ќе продолжи да страда и да се справува со оваа болка со месеци“, пренесува неименуван извор „Сан“.

Сепак „Холивуд репортер“ ги демантира гласините и вели дека таквите инсинуации кои го објави британски „Сан“ се лажни.

Среде хаосот од тековните шумски пожари во Лос Анџелес, некои во медиумите шират неосновани лаги кои сугерираат дека Академијата за филмски уметности и науки сериозно размислува за откажување на 97-та церемонија на Оскарите, која треба да се одржи во Холивуд во недела, на 2 март.

„Холивуд репортер“ разговараше со високи личности во Академијата, како и со поединци блиски до некои од холивудските ѕвезди и може категорично да извести дека не се размислува за таков план и дека не постои таков советодавен комитет.

Единственото тело кое моментално следи и одлучува како треба да продолжи Академијата е 55-члениот одбор на гувернери на организацијата , кој моментално не вклучува ниту еден од поединците наведени од „Сан“, а најновата одлука објавена во понеделникот е дека датумот на Церемонијата на доделување на Оскарите нема да биде одложен.

Претходно беа одложени и номинациите за Оскарите, кои требаше да се одржат на 17 јануари. „Би-би-си“ тогаш објави дека номинациите ќе бидат објавени на 19 јануари, но поради оваа вест сѐ е под голем знак прашалник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Academy (@theacademy)

„Нашите мисли и најдлабоко сочувство се со нашите членови и колеги кои беа погодени од пожарите во областа на Лос Анџелес“, објави неодамна Академијата на Инстаграм, а се огласи и главниот извршен директор на Академијата, Бил Крамер.

„Почитувани членови на Академијата, сакаме да го изразиме нашето најдлабоко сочувство до погодените од разорните шумски пожари низ Јужна Калифорнија. Многу од нашите членови и колеги од индустријата живеат и работат во областа Лос Анџелес, а ние мислиме на вас“, напиша Крамер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот