Фото: Nicolas Raymond/Flickr

Дали може „скршеното срце“ да се излекува барем малку и на кој начин?

Лекарите во текот на клиничките испитувања откриле нови можни методи за лекување на такоцубо кардиомиопатија, односно синдром на скршено срце, пишува „Гардијан“.

Истражувачите го спроведоа првото клиничко испитување од ваков вид во светот, посветено на такоцубо кардиомиопатија, односно здравствена состојба позната на многумина како синдром на скршено срце. Овој синдром може да предизвика промена во формата срцевиот мускул или негово ненадејно слабеење.

Вообичаено, здравствените проблеми се предизвикани од силен емоционален или физички стрес, како што е губењето на сакана личност, а пациентите можат да доживеат и симптоми слични на срцев удар. Истражувањата покажале дека таквите луѓе всушност се соочуваат со двоен ризик од предвремена смрт.

Кај некои пациенти е забележана срцева слабост (инсуфициенција), што подразбира симптоми како што се замор, но и пократок животен век. За овој вид стареење – нема лек.

Сепак, сега лекарите се на пат да најдат одговори за овие нарушувања, по наодите од првото контролирано клиничко испитување на синдромот на скршено срце.

Истражувањата покажеле дека активности како што пливање, возење велосипед и аеробик, заедно со прилагодена когнитивно-бихејвиорална терапија, им помогнале на пациентите по само 12 недели.

„Синдромот такоцубо вклучува сериозни ефекти на работењето на срцето, што може да предизвика проблем со враќањето во нормална функција. Знаеме дека пациентите со последиците можат да бидат погодени до крајот на животот и дека нивното долгорочно здравје на срцето е слично на оние кои имале срцев удар“, рекол д-р Дејвид Гембл, од Медицинскиот факултет при Универзитетот Абердин.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот