Дали малиот Ривер ќе му помогне на Хоакин Феникс конечно да ја преброди смртта на неговиот брат?

Информациите за бременоста на Руни Мара се чуваа во строга тајност од јавноста, па се претпоставуваше дека Руни и Хоакин Феникс нема да зборат за раѓањето на нивниот син.

Хоаким Феникс и Руни Мара на Оскарите 2020 / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Никој не се изненади кога оскаровецот Хоакин го именува неговиот син по неговиот покоен брат Ривер Феникс, кој починал во 1993 година.

Најголемо влијание во животот на Хоакин беше токму Ривер. Кога и некој да го спомнеше името на неговиот брат, Хоакин секогаш се загледаше во некоја точка и луташе со мислите. На неговото лице можеше да се види колку неговата смрт го боли. Сѐ уште. Тој е секогаш присутен“, изјавил еден од високите холивудски функционери, кој со години работел со Феникс.

Ривер Феникс, покојниот брат на Хоакин / 1988 / Фото: Capital pictures / Profimedia

Веста дека синот на Хоакин се вика Ривер со јавноста ја сподели режисерот Виктор Косаковски на филмскиот фестивал во Цирих, за време на прес-конференција на која, поради раѓањето на неговиот син Феникс не присуствувал.

Хоакин Феникс и Руни Марa во тајност станаа родители – Синот ќе го носи името на неговиот починат брат (ВИДЕО)

Тој е еден од најдобрите актери во неговата генерација, но од друга страна Хоакин мрази интервјуа, не им верува на медиумите и има само мала група пријатели со кои се дружи. Ретко излегува и дури не оди на проби со други актери. Многу од неговите колеги немаа ниту шанса да се сретнат со него! Мислам дека му се допаѓа што е мистерија за другите. А напротив, тој е мистерија и за себе“, изјавил еден негов соработник.

Хоакин Феникс / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Цел живот бев никаквец, себичен. Постојано бев суров, беше тешко да се работи со мене и сум благодарен што многумина од вас во оваа просторија сепак ми дадоа втора шанса“, беше дел од оскаровскиот говор на Хоакин.

Патем, Хоакин Феникс како дете не бил толку опседнат со глума, и покрај некои помали улоги во телевизиски серии и филмови. Но, сето тоа се сменило кога починал неговиот брат Ривер кој исто така бил актер.

Ривер Феникс на доделувањето на наградите Златен глобус во 1989 / Фото: GP/MPI / Capital pictures / Profimedia

Сето тоа беше поради сеќавањето на Ривер, затоа тој реши да стане актер. Ако Ривер беше уште жив, не сум сигурен дали Хоакин некогаш ќе станеше светски познат актер. Можеби ќе беше ветеринар, министер, музичар“, открил извор близок до Хоакин.

Ривер Феникс, покојниот брат на Хоакин / 1988 / Hollywood Archive / Profimedia

По смртта на Ривер, Хоакин почувствувал дека мора да се врати на глумата, верувајќи дека така ќе го задржи споменот за него работејќи го она што го обожавал неговиот брат.

Извори блиски на актерот велат дека Хоакин го идолизирал Ривер кој бил познат по тоа што ја презирал славата во Холивуд и сакал да биде анонимен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот