Фото: Слободен печат

Дали линеарното зголемување на пензиите ќе ја подобри живејачката на пензионерите – утре во „Слободен печат“

Дали еднократното линеарно зголемување на пензиите ќе ја подобри живејачката на пензионерите, го прашавме Илија Николовски, претседател на Партијата на пензионери во интервју за „Слободен печат“. Со него разговаравме и за стандардот на пензионерите, но и за тоа дали линераното зголемување е добро за да им се подобри живејачката на најсиромашните пензионери. Партијата веќе не е коалициски партнер во власта, но соработува со ВМРО-ДПМНЕ и разговараат за конструктивни предлози.

Со доктор Игор Балески, кардиолог од Марибор – Словенија кој се придружува на тимот на кардиолози на „Аџибадем-Систина“ зборуваме за ТАВИ, постапка со која без операција се менува залисток на аорта. Во интервјуто зборувавме и за тоа колку се умира во Македонија од срцеви болести и каде сме ние во споредба со светот.

Христина Ѓорѓиевска е дизајнер и илустратор. За „Слободен печат“ вели дека брендот „КОИ“ го стартувала пред четири години.

И за крај видеоанкета – Зошто се слави 23 Октомври?

Гледајте „Слободен печат“ во 9 часот наутро секој работен ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот