
Дали Колумбо го донел сифилисот во Европа? Научниците конечно го открија потеклото на мистериозната болест што ја опустоши Европа на крајот на 15. век
Биле потребни децении и голем напредок во технологијата и науката за да се реши една од мистериите што ги мачела научниците. Имено, на крајот на 15. век Европа била опустошена од мистериозна болест. Со векови, научниците дебатирале од каде потекнала и како воопшто почнала да се шири болеста која уби многумина, а денес е позната како сифилис.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Сифилисот првпат се појавил во Европа во 1494 година, во камп на француската војска, една година откако Колумбо се вратил од своето патување во Америка. Болеста се проширила меѓу војниците и нивните сексуални партнери, предизвикувајќи чирови на гениталиите, ректумот или устата, пишува Дојче веле.
За само пет години сифилисот се проширил низ цела Европа. Наскоро пристигнал и во Индија, Кина и Јапонија. Сексот, иако не е единствениот начин на пренесување, е многу ефикасен начин за ширење на болеста.
Таканаречената „Теорија на Колумбо“ тврди дека сифилисот во Европа го донеле морнари кои се враќале од Америка. Според таа теорија, болестите се разменувале помеѓу Европејците и Американците.
Новата студија објавена пред неколку дена во списанието „Природа“ (Nature) ја поддржува таа хипотеза.
Во најновата студија археогенетичарката Кирстен Бос од Институтот Макс Планк покажала податоци кои јасно покажуваат дека коренот на сифилисот и неговите познати сродници е во Америка.

Се зголемува бројот на случаи на сифилис
Истражувачите анализирале човечки остатоци од бројни археолошки локалитети во Америка барајќи траги на сифилис и други сродни болести. Пред сè, барале бактерии од родот Трепонема, кои освен венеричен сифилис предизвикуваат и други болести познати како трепонемозни болести. Нивната главна карактеристика е што во текот на животот на заразената личност предизвикуваат уништување и преобликување на коските во телото. Проблемот во пронаоѓањето на траги од овие бактерии е што нивната ДНК е лошо зачувана во текот на вековите.
Веќе извесно време знаеме дека инфекциите слични на сифилис се појавуваат во Америка со милениуми, но само врз основа на лезии, невозможно е целосно да се карактеризира болеста, рекол коавторот на студијата Кејси Киркпатрик, постдокторант во Институтот Макс Планк.
Благодарение на напредокот во технологијата, научниците успеале да ги изолираат геномите на Treponema pallidum од примероци од коски и заби земени од локации во денешно Мексико, Перу, Аргентина и Чиле. Анализата покажала дека бактеријата која предизвикува сифилис настанала на американскиот континент пред 9.000 години, а потоа се развила во различни подвидови.

Сликата не е достапна
Сепак, научниците истакнуваат дека бактеријата која го предизвикува она што денес го знаеме како сифилис се развила нешто подоцна, веројатно непосредно пред доаѓањето на Кристофер Колумбо на американско тло. Трансатлантската трговија со луѓе и „освојувањето“ на Америка помогнало во ширењето на таа бактерија и во Европа.
Додека автохтоните американски групи ги носеле раните форми на овие болести, Европејците биле клучни во нивното ширење низ светот, заклучиле научниците во студијата.