
Дали ќе му се стави крај на евтиниот шопинг? Германија започнува истрага против Тему
Германската федерална канцеларија за конкуренција започна постапка против популарната онлајн продавница Тему, која ја води ирската компанија Валеко Технолоџи Лимитед. Како што беше објавено во среда, постапката беше покрената поради сомневања дека Тему им наметнува неприфатливи услови на трговците на мало кои продаваат на германскиот пазар.
Препорачано
Претседателот на Бундескартеламт, Андреас Мундт, изјави: „Го истражуваме сомневањето дека Тему им наметнува неприфатливи услови за одредување на цените на трговците на мало на германскиот пазар. Ваквите практики би можеле сериозно да ја ограничат конкуренцијата и да доведат до повисоки цени, дури и на други канали за продажба.“ Тему одговори на истрагата, велејќи: „Ние ги почитуваме сите важечки закони и прописи на пазарите на кои работиме.“ Истрагата беше започната по официјална жалба од германското трговско здружение ХДЕ, објави Феникс магазин. Претседателот на ХДЕ, Александар фон Прин, предупреди дека Teму не им дозволува на трговците да продаваат производи по цени повисоки од 85% од цената што ја нудат на други платформи.
„Покрај тоа, Teму го задржува правото самостојно да одлучува за конечната продажна цена, што е целосно неприфатливо“, истакна фон Прин. Според сопствените податоци, Teму регистрирал 19,3 милиони активни корисници во Германија само во првата половина од годината, што ја потврдува неговата голема популарност – но и растечкиот притисок од регулаторите.