Фото: EPA-EFE/STR

Д`Алесандро: Би сакал да го видам Кристијано Роналдо во Бока јуниорс

Откако дефинитивно стана јасно дека фудбалерите на Ал Наср нема да играат во Лигата на шампионите следната сезона, а самиот Кристијано Роналдо потврди дека едно поглавје е завршено, почнаа шпекулациите за тоа со чиј дрес би можел да ја продолжи кариерата.

Со оглед на тоа што се ближи Светското клупско првенство, нема сомнение дека неговата цел е да игра на ова големо натпреварување. Најнова информација вели дека за услугите на Португалецот има интерес од Бока јуниорс.

Бока јуниорс не испрати никаква понуда до Роналдо, но аргентинскиот новинар Хорхе Д’Алесандро ја изрази својата нескриена желба да го види Португалецот во дресот на гигантот од Буенос Аирес во популарното ТВ шоу „Ел Чирингито“.

– Би сакал да го видам Роналдо во дресот на Бока јуниорс. Им треба! Рикелме, обиди се да го доведеш – рече Д’Алесандро, предизвикувајќи со тоа лавина од коментари во земјата на актуелниот светски шампион.

Поранешниот тренер на Атлетико Мадрид, во директен разговор со легендата на Бока, истакна дека му се наежуваат морници од помислата дека Роналдо би можел да ги следи стапките на Диего Марадона и Гати и дека повеќе би сакал да го види во аргентинскиот отколку во бразилскиот фудбал.

Од друга страна, италијанските медиуми го селат Роналдо во Мексико, поточно во Монтереј, каде што повторно би се нашол во истиот тим со Серхио Рамос, неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, и каде што би имал можност да игра на Светското клупско првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот