Иво Ранѓеловиќ/Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

Да увеземе судии од странство за праведно судство, предлага политикологот Ранѓеловиќ

Политикологот Иво Ранѓеловиќ вечерва во гостување на „Канал 5“ изнесе остри критики за состојбата во правосудниот систем во Македонија, предлагајќи радикални мерки за реформи. Според него, една од алтернативите е увоз на странски судии кои би обезбедиле објективна и непристрасна правда.

„За мене алтернатива е да се увезат судии во оваа држава, странски судии кои ќе ја делат правдата. Ние не сме способни да ја делиме правдата, дури и кога треба да го чуваме Уставот. Гледаме како двајца уставни судии бегаат бидејќи се навредени од темата за која треба да одлучуваат,“ рече Ранѓеловиќ.

Ранѓеловиќ посочи и на проблемите со судиите кои се ставени на црната листа на САД, како што е судијата Енвер Беџети.

„Освен Артан Груби, на црната листа е и судијата Енвер Беџети, кој наводно земал мито во процесот против Сашо Мијалков. Ако американската амбасада го става на листата, треба ли да видиме дали пресудите што ги донел важат?“ праша тој, додавајќи дека ваквите случаи бараат темелна ревизија и транспарентност.

Ранѓеловиќ се осврна и на Судскиот совет, нагласувајќи дека тој требало да биде распуштен, без оглед на забелешките од меѓународната заедница.

„Имаме милион забелешки од меѓународниот фактор, но никогаш не видовме конкретен предлог што да направиме за реформи. Судскиот совет можеби навистина требаше да се распушти,“ рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот