Д-р Владимир Чадиковски / Фото: Архива на „Слободен печат“

Д-р Владимир Чадиковски дел од тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го прошири својот стручен тим со еминентниот и искусен специјалист по детска хирургија и супспецијалист по детска кардиохирургија д-р Владимир Чадиковски.

Со потпишувањето на договорот со д-р Чадиковски и благодарение на неговата експертиза, во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се создадени услови за изведување на сите видови срцеви интервенции кај деца.

По потпишувањето на договорот на единствениот лиценциран кардиохирург за деца во земјава, д-р Владимир Чадиковски, со Клиничката болница „Аџибадем Систина“ очекуваме соодветна институционална поддршка од здравствените власти, се вели во соопштението на Аџибадем Систина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот