
Д-р Лазаревиќ: Консензус околу приоритетите и мерките со цел да се спаси населението од егзистенцијални проблеми
-Во Дубаи веќе втора недела има 24 часовен карантин. Тоа не е случај насекаде во Арапските емирати. Вкупно има околу 4.000 случаи, со исклучително ниска смртност. АКо ја гледаме статистиката на вкупно заболени и починати во ОАЕ тоа е 0,5%. Но овие податоци е тешко да се анализираат, бидејќи пред се тоа зависи од бројот на тестирања. ОАЕ прават огоромен број на тестирања на дневна основа. И морам да кажам дека мерките тука (ОАЕ) се многу поригорозни, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Владимир Лазаревиќ, водечки здравствен економист, Дубаи, ОАЕ, 3M Middle East.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На прашањето колку парите играат улога во оваа здравствена криза, Лазаревиќ вели дека од она што до сега може да се забележи здравството е недоволно финансирано независно од тоа колку се богати државите.
Една Америка која можеби најмногу плаќа за здравството, излезе дека се соочува со најголеми проблеми во однос на оваа пандемија. Претпоставувам дека начинот на кој што се употребуваат и пренасочуваат парите ќе биде преиспитано во месеците кои што следат. Но, она во што богатите држави ќе бидат во преднос во однос на посиромашните, тука е и Македонија, е како ќе се справиме со вториот проблем – економските последици, кои во моментов сметам дека се немерливи. Ние мора да имаме јасна насока и баланс за тоа што е јавен здравствен приоритет и што е тоа економски приоритет. Тоа е голем проблем во моментов, вели Лазаревиќ.
Во однос на тоа колку пациенти може да бидат дијагностицирани, имаме изклучително мал број заразени лица.
Сметам дека нашите власти направија се она што можеа да направат. Го ставија во преден план здравството и превенцијата на граѓаните и тука несомнено ние имаме исклучително мал број на заразени, барем во однос на тоа колку можеме да ги дијагностицираме. Ако земеме предвид дека ние успеваме да ги откриеме и дијагностицираме случаите ние имаме околу 800 случаи, што е исклучително мал број. И бројката на починати е реалитивно мала и да се надеваме дека тоа ќе остане така.Друга е дилемата кога ќе ги погледнете бројките во целиот регион тие се релативно ниски. Уште не може епидемиолозите доволно јасно да ја разберат дистрибуцијата на ширењето на оваа болест, изјави тој.
Економски последици од коронавирус и начинот на кој може да се влијае со преземање мерки кои ќе го спасат населението од егсистенцијални проблеми, односнопаралелно со здравствената криза, треба да се работи и на економскиот сектор.
-Во здравствениот систем брзината на откривање и ограничување на нови случаи е клучниот момент. Но, мора да напоменам дека ние треба да го приоретизираме економскиот момент, заради тоа што последиците сега се уште се невидливи. Така што според мене уште повисок приоритет треба да се даде на тоа кои се економските мерки, кои се секторите кои треба да се приоретизираат веднаш после здравството. Треба да се направи консензус околу приоритетите и мерките со цел да се спаси населението од егзистенцијални проблеми. Значи треба да се приоретизираат секторите кои ќе треба да не прехранат во наредниот период затоа што не знаеме колку време ова ќе трае.
Фокусот треба да биде на можноста брзо и ефикасно да се индентификуваат случаите и спремноста на здравствениот систем да ги изолира и адекватно да одговори. Тука мора да се разграничи дека не секој болен мора да оди во болница. Околу 20 проценти од заболените имаат вистински проблем и мора да одат во болница, но оние со благи симптоми не треба да одат. Паралелно со здравствениот аспект мора да се гледа и економскиот сегмент. Мора да се гледа на можноста за рестартирање на приоритетните сектори кои што ќе ја придвижат економијата која во моментов е во тотален колапс. Тука има различни модели – ако го слушате Трамп, тој вика big bang отварање. Ако го слушате д-р Фалучи тој ќе рече држете ја затворена уште неколку месеци. Така што мора да се има баланс. Значи треба да се гледаат последиците и активно да се делува, вели Лазаревик.