Д-р Чибишев: Марихуаната може да го зголеми ризикот за развој на шизофренија

Ризикот за некој да заболи од хронична депресија или да се здобие со анксиозност е поголем при пушењетo на марихуана, бидејќи таа делува директно хемиски врз централниот нервен систем.

Покрај тоа, може да ја ослаби меморијата, како и да го поремети емоционалниот развој на личноста, а може да ја поремети и способност за концентрација, координација и перцепција, вели за „Слободен печат“ докторот Андон Чибишев од Клиниката за токсикологија, коментирајќи ги најавите за легализација на марихуаната во рекреативни цели.

Чибишев е против ваквата најава, а како главни причини за тој став ги истакнува токму психичките проблеми, кои според него може да се појават од пушењето на марихуана.

Како едно од најопасните пореметување д-р Чибишев ја споменува шизофренијата и посочува и дека токму марихуаната може да го направи генот за добивање на оваа болест активен и таа да се појави кај одредени лица.

– Има студии кои покажуваат дека околу 20 и 40 отсто е поголем ризикот кај оние што злоупотребуваат марихуана да разијат шизофренија, доколку се носители на таков ген, со тоа што тој ген може цел живот да остане неактивен, но ризикот да се развие шизофренија се зголемува со пушењето – додава Чибишев.

Д-р Беќаровски: Заблуда е дека марихуаната доведува до посегнување по потешки дроги

ВИДЕО АНКЕТА: За дел од граѓаните марихуаната е дрога, други се за легализацијa

Д-р Васев: Медицинскиот канабис помага кај некои видови на канцер само како комплементарна терапија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот