Цветковска од ИРЛ: Нашите и ваши непријатели се високо корумпирани и добро поврзани

Истражувачките новинари на ИРЛ заедно со тим на млади продуценти кои досега немале шанса да работат во македонските телевизии, ќе патува низ повеќе региони во земјава, почнувајќи од Североисточниот регион, Полошкиот и Југоисточниот кои се планирани да се минат оваа пролет.

-Нашата канцеларија моментално е во Крива Паланка, но ние го покриваме целиот североисток. Нашите истражувања се фокусирани на Кратово,К. Паланка, Ранковце и околните села. Ова е прв регион кој го одбравме да ги запознаеме луѓето, бидејќи ова е најсиромашниот регион и регион со најмногу иселени луѓе. Последното дете во К. Паланка е родено од 10 години. Во Паланка нема болница и луѓето мора да се породуваат во Скопје или Куманово. Ирл не е овде да истражува само локална корупција туку и да посочи, скенира, како корупцијата влијае на квалитетот на животот. Паланка конкретно и овие места се наоѓаат на тромеѓе помеѓу Српската и Бугарската граница, ги имаат сите услови за жив и динамичен регион но, не се. Затоа сме и ние тука да откриеме зошто е тоа така, вели главниот и одговорен уредник на ИРЛ Сашка Цветковска во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

ИРЛ почнува нов проект наречен Мобилни Редакции. Од село во село, од град во град, регион по регион ќе ја поминат цела Македонија.

-За оваа пролет ќе покриеме 3 региони, ќе ги објавиме работите кои ги правиме овде, потоа одиме во полошкиот регион, во Тетово. Таму е најниска довербата и во институциите и во партиите, сакаме да видиме што е направено за овие луѓе долги години по децентрализацијата. Третата станица за оваа пролет  ни е југоисточниот регион, тука ќе ги опфатиме и Кавадарци, Неготино, Гевгелија, а ќе бидеме стационирани во Струмица, рече Сашка.

Та истакна дека ќе ја истражуваат локалната корупција и ефектите од неа.

„Во изминатите три години пишувавме и истражуваме шверц на муниција во балканските држави, перење пари за белосветски криминалци, терористи и високи државници, кражба на природните ресурси и државниот имот, непотизам и партиски злоупотреби на медиумите, шпионажа и дигитални злосторства против демократиите. Нашите и ваши непријатели се високо корумпирани и добро поврзани“, вели Цветковска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот