Пожар / илустрација / Фото: ДЗС

ЦУК: Се’ уште се активни жариштата во Никуштак и Студеничани, денеска изгаснати 27 пожари

Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска до 20:00 часот на територијата на државата се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни и уште два се под контрола, а изгаснати се 27 пожари.

Според ЦУК, активни се пожарите кај село Никуштак во Липковско, каде гори нискостеблеста шума, и во селата Варвара и Драчевица во Општина Студеничани каде е опожарена мешана шума и ниска вегетација.

Под контрола се пожарите во Општина Берово во Дрџински рид, м.в. Стојковото, село Русиново каде е зафатена дабова и букова шума и папрат и во Вардариште во Општина Гази Баба каде гори ѓубриште.

Изгаснати се 21 пожар во повеќе општини во државата каде горела главно ниска вегетација, во Општина Ресен на место викано Порој биле зафатени и јаболкови насади, во Општина Липково во селата Оризаре и Слупчане била опожарена и мешана шума и ниска вегетација, а во Општина Старо Нагоричане с. Младо Нагоричане, маало Бузанци била зафатена од пожар кровна конструкција од плевна, наведуваат од ЦУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот