Фото: ЦУК

ЦУК: Регистрирани два пожара на отворено до пладне, ставени под контрола

Центарот за управување со кризи информира дека до 12:30 часот денеска биле регистрирани два пожара на отворено низ државата.

Едниот пожар зафатил приземен дел на Кожуф планина, во општина Гевгелија, и е ставен под контрола. Вториот пожар избувнал во кавадаречкото село Ваташа, каде горела ниска вегетација, но бил целосно изгаснат.

Надлежните апелираат на внимателност при движење во природа и со употребата на оган, со цел да се избегнат нови пожари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!