Фото: Црвен крст на град Скопје

Црвениот крст започнува со транспорт за стари лица и лица со попреченост

Црвениот крст на Град Скопје од 15 мај ќе започне со нудење на посебен транспорт за стари лица и лица со попречености со посебно опремени наменски возила.

– Лицата кои имаат потреба од транспорт, започнувајќи од 15 Мај може да се јават на телефонскиот број 15330 во Контакт центарот или на [email protected] , секој работен ден во текот на 24 часа, преку кој однапред би го закажале својот термин за превоз до одредена институција, по принципот на временски редослед на закажување. – информираат од Црвениот крст.

Оттаму велат дека, до 15 мај, превозот за овие лица е бесплатен, по принципот „ прв дојден,прв услужен“.

– За закажување на бесплатен транспорт до 15 мај , лицата може да се закажат на [email protected] и на контакт број 071 232 263 во работни денови од 08-16 часот – објаснуваат од Црвениот крст на град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот