фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Црвена звезда ја совлада Алба Берлин и е сѐ поблиску до плејофот во Евролигата

Црвена звезда Белград гостуваше кај Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата и победи со 77:71 (15:13, 25:22, 19:20, 18:16).

Така сега тимот на Јанис Сферопулос има скор од 16 победи и десет порази.

Најефикасни кај српската екипа беа Петрушев со 17 и Кенан со 11 поени.

На спротивната страна за германскиот клуб по 15 поени реализираа Спанјоло и Томас.

Се одигра уште еден меч, Фенербахче на домашен терен со 78:67 триумфираше над Реал Мадрид.

Табела: Олимпијакос 18-7, Фенербахче 17-8, Монако 16-9, Црвена звезда 16-10, Панатинаикос 15-10, Баерн 15-10…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот