Фото: Царинска управа

Цигари, тутун, алатки за тетовирање, играчки и сандали паднаа во рацете на цариниците

Царинските службеници во текот на изминиатите две недели низ целата држава пресекоа неколку обиди за шверц и нелегален увоз, откривајќи разна стока.

Како што информираат од Царинската управа во некои случаи веднаш се поведени прекршочни постапки, додека за други е отворена и поширока истрага.

„Контролите се интензивирани и резултатите се видливи. Само во последниве 14 дена имаме привремено задржана стока во повеќе од десет случаи, од кои некои се особено сериозни – и по количината и по видот на прекршокот“, информираат од Царинската управа.


На Меѓународниот Аеродром Скопје, цариниците во чекираниот багаж на патник со лет за Лондон пронашле 18 штеки цигари и 20 кутии тутун, сите без акцизни марки. Патникот кој бил фатен во обидот за шверц, бил македонски државјанин но се легитимирал со бугарски пасош/

„Се работи за класичен обид за шверц. Кај овие видови стока, немаме компромис. Сè што нема документи и акцизни марки, се третира како шверц и се одзема веднаш“, објаснуваат од Управата.

Цариниците на граничниот премин Богородица во еден автомобил откриле 238 различни производи, од штитници и алат, до соларни рефлектори и играчки – сè тоа без соодветна документација.

Во камион со албански таблици на преминот „Деве Баир“, биле пронајдени 5.000 пластични делови за прозорци, исто така без документи, скриени во две кутии на горниот кревет во кабината.

Исто така, на граничниот премин „Деве Баир“ во косовски камион биле пронајдени 3.755 пара детски сандали, 64 колички и 24 детски велосипеди.

На граничниот премин „Богородица“, цариниците откриле и обид за користење на фалсификувана лиценца за меѓународен превоз. Возачот, македонски државјанин, приложил документ издаден на застарен, неважечки образец и не поседувал сертификат за професионална компетентност. Случајот е предаден на Секторот за контрола и истраги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот