
Чудотворната вода за слабеење има само една состојка! Ја одобриле и експертите
Чија семето со право ја носи титулата супернамирници. И тие не се само моден хит, бидејќи постојат и научни докази за нивното благотворно влијание врз здравјето на луѓето. Во ситните семки се крие вистинска ризница на важни материи и соединенија: мноштво од прехранбени влакна, витамини, минерали, амино киселини…
Препорачано
За слабеење
Чија семето делува на слабеењето на неколку начини. Имено, нивниот нутритивен состав генерално поволно делува на здравјето на целиот организам, па затоа се препорачуваат во диетите за слабеење, бидејќи многу брзо можат да го надоместат недостигот на многу материи. Натопените семки набабруваат и создаваат слуз, па речиси веднаш обезбедуваат чувство на ситост (затоа што набабриле и лесно се варат), ја подобруваат функцијата на цревата, го забрзуваат варењето и излачувањето на токсините, го спречуваат запекот, што сè заедно не се невообичаени појави кога јадеме помалку храна и сакаме да се ослободиме од вишокот килограми, пишува „Живим“.
Важно е да се спомене дека тие не го зголемуваат нивото на шеќер во крвта и затоа не предизвикуваат брзо чувство на глад.
Напивка
Можете да направите чудотворен пијалак за слабеење така што ќе ставите две лажици чија семе во голема чаша вода и ќе оставите да отстои неколку минути. Чија семето треба да набабри во водата и да стане меко, а водата треба да стане малку заматена.
Бројни корисници на социјалната мрежа Тикток го споделиле ова видео и истакнале дека пијалакот навистина создава чувство на ситост, а со тоа и го намалува гладот, бидејќи семките се шират во желудникот и формираат гел. Тие исто така препорачуваат да се консумира 30 минути пред оброкот за да се спречи прејадувањето. Една шестмесечна студија спроведена на дебели луѓе со дијабетес тип 2 кои биле на диета со намалени калории, открила дека секојдневното јадење чија семе предизвикува значително поголемо губење на тежината од плацебо.