Екатерина Велика/Фото: Picryl

Чудното интимно однесување на царицата Катерина Велика: Во приватните одаи секогаш носела една жена и ја принудувала на ова

Катерина Велика била руска царица позната по девијантното однесување во спалната соба. Се верува дека многу приказни биле раширени од нејзините непријатели.

Се зборувало дека никој не бил толку девијантен во креветот како руската царица Катерина Велика. За нејзините фетиши се зборува со векови по нејзината смрт.

Софија Августа Фредерика од Анхалт-Зербст (како што ја нарекувале пред да го прифати православието) дошла во Русија како невеста на ексцентричниот иден император Петар Трети. Бракот бил окарактеризиран како промашување поради нејзините неверства, но младата и образована принцеза набрзо ги освоила политичките кругови коишто нејзиниот сопруг ги отфрлил од себе.

Фото: Picryl

На крајот, царот Петар Трети бил убиен помалку од шест месеци по доаѓањето на тронот. Григориј Орлов, љубовникот на Катерина во тоа време, бил водач на заговорниците кои ја прогласиле Катерина за владетелка. Постоел сомнеж дека Катерина е вмешана во убиството на Петар, но тоа никогаш не било докажано.

Царицата Екатерина Велика беше една од најголемите владетелки во историјата на Русија. Сепак, уште повеќе од ова, историјата ја памети по безброј анегдоти поврзани со нејзиниот приватен живот, особено со нејзините сексуални склоности. И додека приказната дека уживала во секс со животни е целосна глупост што ја пласирале нејзините непријатели, царицата имала еден друг, сосема бизарен фетиш.

Фото: Romanovempire.org

Имено, на дворот на Екатерина Велика имало лице чија официјална титула била „скокоткач на стапала“. Неговата или нејзината работа била токму тоа – да ги скокотка или масира стапалата на царицата и на тој начин да ја стимулира додека раскажува сочни, еротски приказни или пее.

Забележано е дека Катерина Велика многу ја сакала оваа еротска масажа. Оние што требало да ја скокоткаат на нозете, односно стапалата, најчесто биле избирани меѓу дворските дами и тоа била многу привилегирана позиција поради нивната блиска врска со царицата и фактот што со неа ги поминувале некои од најинтимните моменти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!