Младиот неонацист Бен Џон (21) /Фото: Leicester Mercury / Chris Gordon)

Чудна казна за младиот неонацист: Или ќе чита книги или ќе оди во затвор

На младиот Британец кој е нацистички симпатизер, му беше кажано дека нема да мора да оди во затвор само доколку се држи настрана од литературата што се залага за бел врховизам, а наместо тоа, тој да чита класични романи како „Гордост и предрасуди“ на Џејн Остин, пренесува Телеграф.

Бен Џон (21) доби условна затворска казна откако кај него беа пронајдени повеќе од 70.000 документи со врховистичка и нацистичка содржина и инструкции како да се направи бомба.

Судијата Тимоти Спенсер му соопшти на ученикот дека ќе избегне затворска казна само доколку чита романи и драми на Џејн Остин, Томас Харди, Чарлс Дикенс и Вилијам Шекспир.

Во вторникот, судот во Лестер го осуди на две години условен затвор.

Судот едногласно одлучи дека обвинетиот е виновен за поседување на спорни документи што можат да предизвикаат мотив за извршување на терористички напад.

На момчето му беше наредено секој четири месеци да се појави на суд и да поминува неколку тестови за да се утврди дали ги прочитал книгите, како што му било наредено. Џон му вети на судијата Спенсер дека повеќе нема да проучува материјал од крајната десница.

„Бен Џон, ќе те следиме внимателно, низ секој чекор од твоето патување. Ако ме изневериш, знаеш што ќе се случи”, му рекол судијата.

Судијата Спенсер му соопштил на адвокатот на Бен дека младиот човек треба да е многу среќен што избегнал затвор.

Судот опиша како овој студент по криминологија и психологија бил и претходно фатен со вакви опасни материјали и така станал дел од она што се нарекува „екстремно десно крило“.

Полицијата соопшти дека терминот се користи за екстремно десничарски активисти мотивирани од расизам, екстремен национализам, фашизам и неонацизам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот