Човек вдомил 300 мачки од почетокот на пандемијата: Побарал помош од волонтери бидејќи му влијае на менталното здравје

Фото: Profimedia

Љубителите на мачките, како домашни миленици, знаат колку е неодолива идејата да вдомат повеќе животни истовремено. Дефинитивно, не е лошо да се чуваат повеќе мачки, особено ако имате простор и пари да им овозможите соодветна нега и исхрана.

Но, што ако станува збор за 300 мачки? Организацијата „Друштво за спречување на суровост кон животните“, која функционира во Канада, неодамна стапи во контакт со човек кој им кажал дека има „мал проблем“ и дека ќе биде благодарен ако волонтерите успеат да му помогнат. Првично, луѓето од организацијата помислиле дека бара помош за некаква кастрација, но кога им рекол дека има 300 мачки во стојот дом и дека е малку „излуден“ од тоа, волонтерите биле шокирани. Човекот имал секакви мачки – од мачиња до постари мачки.

Брус Робинсон им раскажал дека почнал да вдомува мачки кои луѓето ги напуштиле за време на пандемијата. Тој планирал да им даде привремен дом, а паралелно барал трајно решение за нивниот проблем. Сепак, вдомувањето не одело онака како што планирал – постојано пристигнувале нови мачки во новиот дом и сето тоа станало „премногу“ за неговото ментално здравје. Во меѓувреме, Робинсон останал и без работа, па не можел да си дозволи да им помага на животните од финаниска гледна точка.

Волонтерите бргу пристигнале во неговиот дом во малиот град Хјустон и виделе дека мачките се во одлична состојба: многу социјални, добро нахранети и ништо не им недостасувало. Тоа што биле многубројни бил единствениот проблем.

„Човекот има големо срце и се грижеше за нив. Но, бидејќи не ги кастрирал, тие се намножиле и бројката ескалирала. Тој самиот проценил дека има 298 мачки во својот, а 15 од нив се бремени и очекуваат мачиња, што значи дека ситуацијата наскоро ќе биде уште полоша“, изјави Ајлин Древер од „Друштво за спречување на суровост кон животните“ за „Гардијан“.

Иако Робинсон се обидел да ги вдоми мачките, тоа не му успеало. Месечно трошел илјадници евра за околу 850 килограми храна и за да има доволно песок за сите тоалети. Колку му биле драги говори и тоа што на секој од нив им дал име и објаснил дека навистина сакал да им најде домови, но не успеал.

Во моментов, организацијата собира средства и бара место за преселување на мачките, каде прво ќе бидат кастрирани, а потоа огласени за вдомување. Додека тоа не се случи, тие му помагаат на Робинсон со храна и песок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот